Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово

Вчера четири лица биле лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово, соопштуваат од МВР.
На 16.03.2026 во 22:20 часoт во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Ј.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна вонбрачна 35-годишна партнерка дека ѝ упатувал закани.
На 16.03.2026 во 20:30 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.И.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал.
На 16.03.2026 во 20:10 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.М.(25) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.
На 16.03.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(45) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот татко.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од министерството.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
