Македонија
26. March 2026 - 9:03

Вчеравечер почувствуван земјотрес од 5 степени по Рихтер во југоисточните делови на Македонија

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на Републиката, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 5.0.

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.