Loading Video...
Фудбал
14. April 2022 - 18:44
Вечерва ќе ги дознаеме полуфиналистите во Лига Европа
Вечерва ќе ги дознеаме и полуфиналистите во Лигата на Европа.
Резултатите од првите четвртфинални натпревари најавуваат интересни и неизвесни реваш средби ви кои единствено фудбалерите на Брага ќе влезат со минимална предност.
Програмата ја отвараат фудбалетите на Аталанта и Лајпциг чиј прв меѓусебен дуел заврши без победник 1-1, а со истиот реаултат ќе започнат и средбите меѓу Олимпик Лион и Вест Хем односно Барселона и Ајнтрахт, додека во Гразгов популарните “ренџерси“ ќе треба да ја надополнат негативата во дуелот со португалскиот тим Брага.
Познати се и евентуелните парови за полуфиналето, па така победниците од дуелите Аталанта - Лајпциг и Г. Ренџерс – Брага ќе вкрстат меѓусебно, додека во второто полуфинале ќе играат подобрите од мечевите О. Лион - Вест Хем и Барселона - Ајнтрахт
Годинашното финале во Лигата на Европа ќе се игра на 18 мај во Севилја.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->