Македонија
27. April 2026 - 15:16

ВЕЛИЧЕНСТВЕН ДЕН ВО ПАРИЗ: Осветен новиот иконостас и фрескопис во храмот „Св. Кирил и Методиј“

Македонската православна заедница во Франција прослави голем духовен јубилеј. Во Неделата на жените мироносици, со свечена Архиерејска Литургија и чин на осветување, храмот „Св. Кирил и Методиј“ го доби својот нов литургиски сјај.

Со Литургијата чиноначалствуваше Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,Митрополитот западноевропски г. Јустин (СПЦ) Архимандритот Агатон и бројно свештенство.

Новиот иконостас и живопис се траен завет за генерациите што доаѓаат и потврда за нашата жива врска со мајката Црква.

Свеченоста беше заокружена со традиционален македонски дух. Верниците, облечени во народни носии, ги пречекаа гостите со леб и сол, а во дворот на црквата се заигра македонско оро под звуците на тапанот.

Овој настан останува запишан како еден од најзначајните моменти за македонската дијаспора, симболизирајќи го единството меѓу верата, традицијата и татковината.

 

Ново на Сител