Македонија
30. May 2021 - 16:39

Велосипедистите бараат изградба на безбедна велосипедска патека од Охрид до Струга

Велосипедистите бараат  изградба на безбедносна велосипедска патека на стариот пат Охрид –Струга.Апелот доаѓа откако пред само неколку дена повторно беше тешко повреден велосипедист од Струга .Тие се жалат дека овој патен правец но и патот кон Свети Наум се небезбедни и бараат поголемо присуство на полицијата бидејќи според нив, ретко кој почитува сообраќајни правила а возачите возат со преголема брзина.

Спортистите велат немаат рекреативни патеки за тренинг, па најчесто тренираат на стариот пат меѓу двата крајезерски града кој е претесен.

Велосипедистите кои во март излегоа на мирен протест најавија дека доколку надлежните не одговорат позитивно на нивните барања повторно ќе протестираат но и ќе го блокираат патниот правец Охрид –Струга.