Loading Video...
Фудбал
6. јуни 2022 - 15:13

Велс преку Украина до пласман на СП во Катар

Селекцијата на Велс со победата над Украина обезбеди пламсна на СП во Катар
 
Во последниот бараж дуел од европската зона, селекцијата на Велс минимално со 1-0 ја победи  Украина и стана последната европска репрезентација што обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, што ќе се одржи во ноември и декември оваа година.
 
Клучниот момент на натпреварт се случи во 34.минута кога по слободниот удар што го изведе Герет Бејл, фудбалрот на Вест Хем, Јармоленко со глава место да ја отстрани опасноста, ја смести топката во сопствената мрежа.
 
Велшаните на Мундијалот ќе играат во групата Б, каде за противници ќе ги имаат селекциите на Англија, САД и Иран.