„Велт“: САД планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од Европа

Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од базите во Европа и ќе презентираат предлози за ова прашање на своите сојузници од НАТО идниот месец, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на неименуван извор од Пентагон.
Вашингтон месецов најави планови за повлекување на 5.000 војници од Германија, што е широко протолкувано како резултат на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и европските сили околу војната со Иран. Германија е дом на околу 35.000 активни американски војници, повеќе од било каде на друго место во Европа. Пентагон спомна дека се очекува повлекувањето да биде завршено за шест до 12 месеци.
„Велт ам Зонтаг“ не откри детали за тоа колку брзо треба да биде повлекувањето или кои локации би можеле да бидат зафатени. САД, како што се наведува, треба да ги презентираат плановите на сојузниците на конференцијата на НАТО во јуни, посветена на распоредување на силите.
МИА
Ново на Сител
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
-

Туристите од Германија најбројни
-

Крушево ќе добие две нови полетувалишта за параглајдери и очекува зголемување на бројот на параглајдеристи
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
