Венс: Нема шанси САД да бидат во повеќегодишна војна на Блискиот Исток

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека „нема шанси“ евентуалните американски воени напади врз Иран да доведат до повеќегодишна војна на Блискиот Исток.
Во интервју за „Вашингтон Пост“, Венс рече дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ги разгледува опциите – од воени напади за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје, до дипломатско решение, но дека САД нема да влезат во повеќегодишен конфликт.
Идејата дека со години ќе бидеме во блискоисточна војна без крај на повидок – нема шанси тоа да се случи – рече Венс.
Тој себеси се опиша како „скептик кон странските воени интервенции“, потсетувајќи на своето искуство од војната во Ирак, но додаде дека САД не смеат автоматски да ја отфрлат секоја воена опција поради „грешките од минатото“.
Разговорите меѓу САД и Иран продолжија вчера во Женева, без постигнат конкретен договор, додека американското воено присуство во регионот е на едно од највисоките нивоа во последните две децении, наведува „Вашингтон Пост“.
Венс во интервјуто, исто така, ги коментираше расправите внатре во конзервативното движење за политиката кон Израел, наведувајќи дека отворената дебата е здрава за десницата.
Се осврна и на интервјуто на поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, со американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, оценувајќи дека станува збор за „добар разговор“ и покрај
МИА
Ново на Сител
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
