Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека папата Лав XIV не треба да се меша во внатрешните работи на САД, додека истовременол го бранеше американскиот претседател Доналд Трамп по неговите критики кон папата, кој порача дека не се плаши од американската администрација.
Венс, во интервју за Фокс њуз, рече дека Ватикан треба да се фокусира на морални прашања, додека американската администрација треба да води јавна политика, додавајќи дека несогласувањата меѓу политичките и религиозните лидери се „природна појава“ и не претставуваат голем проблем.
„Нека се справат со она што се случува во Католичката црква, а американскиот претседателот нека ја води американската јавна политика“, рече Венс.
Тој ги намали критиките што следеа меѓу христијаните поради нападите на Трамп врз папата, истакнувајќи дека несогласувањата се очекувани и дека ќе продолжат да се случуваат во иднина.
Заострувањето на односите меѓу Трамп и Ватикан дојде по неуспешните обиди на американските дипломати, предводени од Венс, да постигнат мировен договор со Иран за време на прекинот на огнот.
Папата Лав XIV е еден од најгласните критичари на американската воена акција против Иран.
Во неодамнешната проповед, тој предупреди дека христијанската мисија честопати е „искривена од желбата за доминација“, што, како што изјави, е спротивно на учењата на Исус Христос.
Претходно, во објава на социјалните мрежи, Трамп го критикуваше папата како премногу либерален, обвинувајќи го за „слабост во однос на криминалот“ и „лоша надворешна политика“.
Папата Лав XIV на почетокот од својата посета на Африка рече дека не се плаши од администрацијата на Трамп и дека нема да се двоуми „гласно да ја зборува пораката на Евангелието“.
Според „Њујорк тајмс“, Венс се преобратил во католицизам во 2019 година, но неговите политички ставови, особено за имиграцијата, предизвикале остри реакции во Ватикан и несогласувања со приоритетите на папата Лав XIV, првиот американски папа
МИА
Ново на Сител
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
