Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН

Најмалку 12 лица загинаа во нападот врз главниот аеродром во саудискиот главен град Ријад, соопшти саудиската управа за цивилно воздухопловство.
Во вчерашниот напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ беа повредени уште 309 лица, кои се лекуваат во неколку болници, соопшти управата во изјава на Х рано утрово. Некои од повредените се во критична состојба, се додава во соопштението.
Меѓу загинатите има четири саудиски државјани, двајца државјани на Бангладеш, Палестинец, американски државјанин, Египќанец, Јорданец, Сириец и Суданец, соопшти управата.
Нападот предизвика материјална штета, чиј обем се проценува. Операциите на аеродромот беа суспендирани додека властите ја проценуваа штетата и вршеа безбедносни проверки.
Генерал-мајор Турки ал-Малики, официјален портпарол на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, изјави дека нападот бил терористички чин и дека на него ќе се „цврсто ќе се одговори“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД остро ги осудуваат неодамнешните напади на милицијата на Хутите.
„Овие напади за осуда покажуваат флагрантно занемарување на животите на невините цивили. Тие мора да престанат веднаш“, напиша тој на Х.
„Ние стоиме со Кралството Саудиска Арабија и неговиот народ и изразуваме сочувство до жртвите и нивните семејства“, додаде Рубио.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е длабоко шокиран од нападот.
„Нападите врз цивили и цивилна инфраструктура се прекршување на меѓународното право. Овие напади мора веднаш да престанат“, напиша тој на Х.
Ова беше последниот во низата напади чија мета беа воздухопловните капацитети на нафтениот гигант.
Јеменската милиција на Хутите, поврзана со Иран, ги интензивираше нападите со ракети и дронови врз соседна Саудиска Арабија во изминатите неколку недели и претходно презеде одговорност за погодоци врз аеродромот во Ријад и други објекти во кралството.
Претходно оваа недела, саудиските воздухопловни власти соопштија дека аеродромот бил цел на два напади во четвртокот, при што загинаа тројца саудиски државјани, а неколку други беа повредени.
Нападите доаѓаат во време кога борбите се интензивираат меѓу Хутите и владините сили поддржани од Саудиска Арабија во разурнатиот од војна Јемен.
Хутите повеќе од една деценија се борат против меѓународно признатата влада на Јемен. Примирјето постигнато во 2022 година во најголема мера го замрзна конфликтот, но не успеа да го отвори патот за траен мир.
Борбите неодамна повторно се разгореа во услови на пошироката војна во која е вклучен Иран, дополнително продлабочувајќи ја хуманитарната криза во Јемен.
Саудиска Арабија, еден од најголемите производители на нафта во светот, претходно ги обвинуваше Хутите за напади врз цивилни објекти во кралството и вршеше возвратни удари врз бунтовнички цели во Јемен.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
