Македонија
25. November 2026 - 20:38

Николоски во увид на рехабилитацијата на автопатот Гевгелија-ГП Богородица: Се работи интензивно и во ноќни услови, за брзо време ќе имаме модерен влез во државата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски вечерва беше во увид на рехабилитацијата на автопатот Гевгелија- ГП Богородица. 

Николоски изјави дека интензивно и во ноќни услови се асфалтираме автопатот на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица, дека градежните работи се одвиваат одлично и оти за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег. 

- Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто го има државата. Ова е граничен премин на Коридорот 10 што нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу пет километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата - рече вицепремиерот Николоски.

На овој начин, додаде тој, покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и насекаде инфраструктурата да биде во одлична состојба.

- Сакав во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние кои работат овде, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата - изјави вицепремиерот Николоски.

МИА

 

Ново на Сител