-->
-->
Верешчук: Заврши евакуацијата на жените, децата и старите лица од челичарницата Азовстал
-->
Жените, децата и постарите лица се целосно евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која е под опсада на руските сили, соопшти денеска вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
-Наредбата на претседателот е извршена, сите жени, деца и постари лица се евакуирани од Азовстал. Овој дел од хуманитарната операција Мариупол е завршен, рече таа.
Руски Тасс јави дека денеска од фабриката се евакуирани 50 цивили, исто колку и вчера.
Евакуацијата на цивилите претставува нов предизвик за Украина, да најде излез за војниците кои ветија дека нема да се предадат.
Според украинските власти, руските сили веќе ја прегледале фабриката, па дури и стигнале до нејзините тунели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
