Верници од Македонија сведочат на радоста во Фанар
По еден цвет од секој верник од Македонија за вселенскиот патријарх, така заврши денеска литургијата за неговиот именден во која молитвено учествуваа архиепископот Стефан и владиците Петар, Тимотеј, Климент и Партеније. Неколку стотици православни верници од Македонија дојдоа за да посведочат за овој историски настан. Верниците воскликнуваа од радост и задоволство што конечно заедно со браќата и сестрите од сите православни цркви заедно се молеа пред сечесниот вселенски престол.
Верници имаше од различни држави. Некои туристички, некои случајно, а дел од грчките верници токму поради присуството на архиепископот г.г Стефан.
Петдневната посета на архиепископот Стефан во Вселенската Патријаршија и на делегација на МПЦ е една од централните вести во грчката црковна јавност. Огромен е интересот кај оваа јавност за возобновување на релациите меѓу Охридската Архиепископија и Вселенската Патријаршија, но сепак многумина од нив не сакаат да коментираат во иднина во кој правец ќе се одвиваат работите но велат за нив да се види оваа слика е убав момент.
Во недела се очекува уште поголем број верници бидејќи се празнива роденденот на црквата Духовден но и ќе се случи првото сослужување на поглавар на Охридската Архиепископија и поглавар на Вселенската Патријаршија по речиси повеќе од 200 години.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
