Ф1
22. January 2026 - 13:07

Верстапен прогласен за возач на годината за 2025 година од страна на Аутоспорт

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е прогласен за возач на годината од страна на „Austosport“.

Во гласањето, тој ги победи шампионот на Формула 1 за 2025 година, Ландо Норис од Мекларен, Оскар Пјастри од Мекларен, возачот на ИндиКар, Алекс Палу, шампионот на Формула Е, Оливер Роуланд, и натпревaрувачот во Мото ГП, Марк Маркез.

На крајот од сезоната 2025, 28-годишниот Холанѓанец заврши втор во Шампионатот на возачи во Формула 1 со 421 поен. Тој има освоено осум Гран при трки и 15 пати заврши на подиумот.

Ова е петта победа на Верстапен. Рекордер за најмногу победи во оваа категорија е британскиот возач на Ферари, Луис Хамилтон, со осум награди.