Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на спринтерската трка што се возеше во рамките на Големата награда на Соединетите Американски Држави, 19. трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Во Остин, трикратниот светски шампион се најде на највисокото скалило на подиумот за прв пат по 29 јуни, кога беше најдобар во спринтот на Ред Бул Ринг. Оттогаш, извозени се осум трки, што е најдолгиот пост без триумф на холандскиот возач од 2020 година.
Верстапен водеше од почеток до крај во Тексас, а најблиску до него беше Карлос Саинц јуниор во болидот на Ферари, додека возачот на Мекларен, Ландо Норис се најде на третото скалило на подиумот.
Ваквиот расплет значи дека Верстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Норис за два поени, па разликата меѓу нив сега е 54 поени.
Ново на Сител
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
