Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“ вештакот Милан Ристески повторно сведочеше за терапиите и протоколите на Клиниката за радиотерапија и онкологија - Скопје, при што посочи на повеќе отстапувања во медицинската документација и изборот на терапии.
Тој истакна дека кај 12 пациенти била дадена терапија спротивно на индикациите и без никаква корист, а особено ги потенцира случаите во кои пациенти со рак на бубрег не добиле „пембролизумаб“, иако според индикациите требало.
-Направени се триесет и три илјади преписи на скапа терапија. Проверувани се сите. Методолошки. Она што е најдено како чудно и неправилно овде е изложено - истакна Ристески во изјава за МИА.
Како и на минатото рочиште, тој сведочеше за терапиите и протоколите во Клиниката за радиотерапија и онкологија - Скопје, при што рече дека забележал отстапувања, особено во делот на недоволно документирани податоци за состојбата на пациентите и објаснувања за изборот на терапија.
Меѓу другото, тој појасни дека кај 12 пациенти терапијата била дадена спротивно на индикациите и без никаква корист и на штета на пациентите.
Образложи и за лекувањето на еден од пациентите од крајот на 2019 година.
-Има пациенти што требало да добијат „пембролизумаб“ а не добиле, особено во групата на пациенти со рак на бубрегот. Не може да се фаворизираат пациенти според индикацијата и достапноста на терапијата - истакна, меѓу другото, Ристески на рочиштето.
Одбраната имаше забелешки дека Ристески дава стручна оценка за одлуки донесени од лекари со значително подолго клиничко искуство од неговото, дека по помалку од една година од добивањето на лиценцата за вештак од областа на радиотерапијата и онкологијата, бил ангажиран како медицински експерт во овој предмет, иако не можело, оти бил и сведок.
Ристески негира дека ова е негов прв предмет по добивањето на таа лиценца и истакна дека досега немало никаква забелешка за неговата работа.
Случајот „Онкологија“ се води против поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, и уште тројца онколози, обвинети за несовесно лекување на пациенти. Постапката започна и против Мери Пешевска, која призна вина и доби условна казна затвор од две години. Обвинението ги товари лекарите за тешки дела против здравјето на луѓето, со неправилно применети терапии кај 29 пациенти. Судењето прдожува на 31 март.
МИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
