Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите

Видеоиграта „Death Stranding“ за мнозина гејмерски сладокусци беше игра на годината – визуелно импресивна, комплексна, емотивна, единствена, но и комично апсурдна. „Death Stranding 2: On the Beach“ е сѐ тоа и повеќе, пишува гејминг-аналитичарот Хрвоје Марјановиќ за хрватски „Индекс“ (Index).
„Всушност, ‘ДС-2’ е целосно луда и донекаде поапсурдна од претходната. Но, овојпат не се работи за онаа чудност што ќе нè остави запрепастени како што беше тоа во првата игра, туку за чудност што ја очекувате и ви недостасуваше последниве шест години. Што се однесува до приказната – продолжуваме 11 месеци по настаните од првиот дел, а овој пат Сем Портер Бриџис патува од Јужна Америка до Австралија во обид да ја прошири мрежата и да ги поврзе континентите. Не сакам премногу да ја расипам приказната, иако, да не лажеме, ‘ДС’ беше подобро доживеан од самиот почеток отколку прераскажан… И да не станувам преголем филлозоф ‘ДС-2’ е темелно подобра игра во секој поглед“, пишува гејмерот во својата рецензија.
Според познавачот, секој дел од видеоиграта е надграден, па така, „ДС-2“ е „изненадувачки различно“, но сепак подобро искуство.
„Уште во првите неколку минути Ви е јасно дека ова е една од технички најсовршените игри на денешницата. А, кога приказната ќе почне, сѐ тоа станува сè подобро и подобро… Особено во делот каде што го среќавате ликот Нил“, оценува Марјановиќ.
Создавач на хит-играта од 2019 година, како и на овогодишното продолжение, е јапонскиот мултинационален техно-конломерат „Сони“.
Ново на Сител
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
