Вил Смит конечно прозборе за оскаровската шлаканица: Жал ми е за целата ситуација | ВИДЕО

Вил Смит објави видео со кое конечно го прекина молкот за „шлаканицата која ја слушна светот“.
Овогодинешниот добитник на Оскар за најдобар актер им кажа на обожавателите во речиси шестминутно видео дека „длабоко жали“ за своите постапки на доделувањето.
Смит одговори на многу прашања кои ја мачеа јавноста овие месеци, како „зошто не му се извини на Рок при говорот за наградата“, или дали неговата сопруга го убедила да реагира.
„Не знам зошто не, се ми се стемни во тој момент. Крис не е подготвен да разговара со мене, но вака им се извинувам нему и на неговата мајка“, рече Смит, додавајќи дека Џејда имала никакво влијание врз неговата одлука да се качи на бината таа вечер и да се пресмета.
„Длабоко се каам и се обидувам да се каам, а да не се срамам од себе“, вели Смит во видеото.
„Јас сум човечко суштество и згрешив и се трудам да не се мислам за себе како г…. од човек. Жал ми е за целата ситуација“, рече актерот и додаде дека се надева дека ќе можеме сите повторно бидете пријатели.
Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок по шегата направена за сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит додека одеше пренесот од доделувањето на Оскарите.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
