Loading Video...
Фудбал
3. May 2022 - 12:41
Вилјареал и Ливерпул вечерва ќе го дадат првиот финалист во Лигата на шампионите
Вечерва се игра првиот реванш натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Вилјареал или Ливерпул вечерва ќе го дадат првиот финалист во елитната Лига на шампиони.
Гостите од Ливерпул на овој меч ќе влезат со предност од два гола, остварена на првиот дуел на „Енфилд“ каде славеа со 2-0.
Сепак тренерот на популарната „жолта подморница“ Унаи Емери верува дека неговиот тим може да ја анулира негативата и да стигне до финалето.
„Се наоѓаме пред историски момент, нашите навивачи се многу горди. Досега добро игравме на домашен терен и се надевам дека вечерва со поддршката од трибините ќе го одиграме најдобриот натпревар сезонава и ќе обезбедиме пласман во финалето. Уште не е готово, но ние сме мотивирани да одиграме совршен натпревар. Без грешка“ вели Емери тренерот на Вилјарал.
Шпанскиот клуб го брка своето историско прво финале во Лигата на шампионите, додека Ливерпул атакува на лјубилејното десето финале.
Кој ќе биде првиот финалист останува да видиме по мечот што ќе се игра на „Естадио де ла серамика“ со почеток од 21 часот.
Потсетување дека утревечер во истиот термин, во Мадрид на програмата е втората шпанско-англиска пресметка во која Реал со негатива од еден гол го пречекува Манчестер Сити кој на првиот натпртевар во Англија победи со 4-3.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->