Loading Video...
Фудбал
9. December 2021 - 22:02

Виљареал последен патник во осминафиналето на Лигата на шампионите

Екипата на Виљареал е последниот шеснаесети патник во осминафиналето на Лигата на шампионите. 

Во директниот дуел за втората позиција во Ф групата популарната „жолта подморница“ славеше победа на гостувањето во Бергамо против Аталанта со 3-2. 

Два од трите гола за гостите ги постигна Арнаут  Данџума, а во листатан на стрелци се запиша и Капу. 

Иако домаќините преку Малиновски и Запата се вратија во игра, сепак до крајот на мечот не успеаја да направат комплетен резултатски пресврт, па Виљареал на крајот сосема заслужено стигна до втората позиција на табелата, а со тоа и пласман во осминафиналето на елитното натпреварување, додека Аталанта ќе продолжи во Лига Европа. 

Шпанскиот тим заедно со ПСЖ, Атлетико, Спортинг, Интер, Бенфика, Салцзбург и Челзи од вториот шешир ќе ја чекаат понеделничката ждрепка, во која нивни можни ривали од првиот шешир ќе бидат екипите на: Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал, Баерн, Манчестер Јунајтед, Лил и Јувентус кои завршија како прво рангирани во своите групи. 

Имајќи во предвид дека ждребката ќе биде полу-дилигиран, сигурно ќе не очекуваат повеќе интересни дуели во првата нокаут рунда која ќе се игра во втората половина на месец февруари следната година.