Виртуелен приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Ватикан понуди услуги со вештачка интелигенција околу базиликата „Свети Петар“, обезбедувајќи виртуелен пристап до нејзините архитектонски богатства од ренесансната ера.
Во соработка со технолошкиот конгломерат „Мајкрософт“ и „Иконем“ – компанија специјализирана за дигитализација на културно-историски знаменитости, Ватикан ја пушти во употреба новата интерактивна страница, којашто е дигитална разгледница за базиликата. Засега ќе има две ВИ-изложби. Новостите беа претставени вчера, токму навреме за одбележување на Светата година, т.е. Јубилејната 2025 година на Католичката црква, настан којшто се слави секој четвртина век.
– Свети Петар е како ѕвезденото небо во летна ноќ – маѓепсани сте од неговата сјајност!, вели кардиналот Мауро Гамбети, истакнувајќи дека новите алатки ќе нудат искуство налик набљудување со телескоп или од вселенски брод.
Базиликата дневно ја посетуваат 40.000 до 50.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
