Виртуелна Бадникова поворка во Охрид
Бадниковата поворка оваа година поради пандемијата виртуелна но не помалку моќна од изминатите години.Околу 300 честитки напишани со силни чувства од деца од основните училишта но и од другите градови кои за празниците се во Охрид заедно со пакетчиња пристигнаа до болните и вработените во одделенијата за да ги разнежнат и развеселат оние , кои за жал, празникот ќе го поминат во болница.
Бадниковата поворка и оваа година неуморно сее радост,утеха и песна и го слави ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ, но на начин прилагоден на актуелните услови.
Инаку овој настан се одбележува по осми пат во Охрид и покрај тоа што оваа година изостанаа традиционалните бадникови поворки со дефиле низ улиците сепак без физичко присуство пеејќи ја песната Вечниот бог и Божиќната пештера поставена на градскиот плоштад се наговестува денот на Христовото раѓање.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
