Македонија
11. July 2025 - 16:40

Висок ризик од пожари

Голем дел од територијата е под сериозна закана од пожари. ЦУК објави сателитска мапа на која централниот дел од државата и околината на Куманово е под зголемен ризик за појава на пожари. Од втората мапа која ја објави ЦУК, се гледа во кои делови од државата постојат услови за пожари поради високи температури, сува вегетација и ветер.

Под висок ризик каде пределот е барут сув и може да пламне од најмала искра се западниот дел од државата, заштитениот предел Осоговски Планини, околината на Македонски Брод и Кичево, но генерално низ цела држава има многу сува вегетација. Најмали се шансите пожар да избувне во пределот кај Шар Планина.

Овие снимки покажуваат две горливи точки каде што во се интервенира во Николиќ кај Дојран и Македонски Брод.

Граѓаните да бидат внимателни во природа онаму каде што нема забрана за движење како на Водно во Скопје апелираат од ДЗС.

Полицијата во последните два месеци поднела 11 кривични пријави против лица за предизвикување општа опасност од кои во 7 пријави пожарите се настанати во март, две во април и по една пријава во јуни и јули. 74 годишен маж од Мала Речица е последниот приведен кој во близина на бензинска пумпа подметнал оган додека палел сува трева од својата нива.

Претходно беа приведени тројца малолетници странски државјани во близина на Ајватовски рид и две лица во Скопје кои биле затекнати како палат во близина на Кадино. Во меѓувреме се води истрага за пронајдените докази во близина на опожарените места каде постојат индиции дека биле подметнати.

14 општини денеска ги објавија повиците за ангажирање на 400 лица кои ќе склучат договор со агенцијата за вработување за превенција и заштита од пожари.