Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија

Високи претставници на Европската Унија денеска ја изразија својата огорченост поради смртоносниот напад на плажата Бонди во Сиднеј, насочен кон еврејски настан на првата ноќ од Ханука.
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалните мрежи изјави дека е „шокирана“ од нападот.
„Европа стои со Австралија и еврејските заедници насекаде“, напиша таа на платформата Икс. „Ние сме обединети против насилството, антисемитизмот и омразата“.
Слични изјави издадоа и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Калас наведе дека „ужасниот чин на насилство против еврејската заедница мора недвосмислено да се осуди“.
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, исто така изрази шок по смртоносниот напад во Сиднеј, кој австралиските власти го нарекоа терористички чин насочен кон еврејската заедница.
Вадефул во објава на Икс рече дека е „длабоко потресен од терористичкиот напад“, опишувајќи го масовното пукање на плажата Бонди како „чин на омраза насочен против сите Евреи и Еврејки ширум светот на првиот ден од Ханука“.
Тој додаде дека неговите мисли се со семејствата на загинатите, повредените и со еврејската заедница.
Според официјалните лица, во нападот загинаа најмалку 12 луѓе, вклучувајќи и еден од напаѓачите. Стотици луѓе се собрале на познатата плажа за да го одбележат почетокот на еврејскиот празник Ханука.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
-

Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот
-

Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0,4 проценти, цената на лебот не е зголемена
-

ФТ: Иран наводно користел кинески сателит за надзор на американските воени бази
-

„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“ во вредност од над еден милион денари
-

Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за Пошта
-

АВМУ за изјавата на Филипче: Aпсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика
-

Симеоне: Стигнавме до полуфиналето со добар став и верба во себе
