Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, денеска изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина.
– Време е ова да се заврши. Мислам дека ќе го завршиме ова. Охрабрен сум и оптимист. Преговорите сега се сведоа на едно прашање, па така, ако двете страни сакаат да го решат ова – ќе го решиме, рече тој на Светскиот економски форум во Давос и додаде дека се разгледани различни итерации на тоа прашање, што значи дека е „решливо“, пренесува Гардијан.
Тој смета дека создавањето на бесцаринска зона во Украина би претставувало „промена на правилата на игра“ за економијата на земјата.
Виткоф подоцна денеска патува во Москва на состанок со претседателот на Русија, Владимир Путин, за да разговара за ставање крај на војната во Украина. Со Виткоф ќе биде и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Специјалниот пратеник на САД претходно најави дека ќе се разговара за планот од 20 точки за прекин на војната, за кој рече дека е готов „повеќе од 90 отсто“.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
