Македонија
21. January 2026 - 16:33

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај. Поради снегот, институциите го вклучија алармот и ја активираа целата механизација.

Во Скопје, два автобуси се излизгаа од патот, за среќа никој не е повреден. Градоначалникот вели дека се интервенира со сите камиони. Истурени се над 300 тони сол. Попладнево сите улици и главни булевари се проодни.

Денеска нема ниту една рурална средина која е затрупана со снег, тврди Ѓоргиевски. 

Со полни раце работа се и екипите на „Македонија пат“. Утрово, поради снегот, имаше забрана на повеќе патни правци. Најкритични и понатаму остануваат планинските превои.

Од ЦУК до граѓаните со апел да се јават на 112 доколку имаат потреба. А сите кои живеат во високите предњлу да се обезбедат со храна и други намирници.

Според најавите на УХМР, температурите под нулата се очекуваат и вечерва.