Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, вели Мицкоски
Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.
Ова, како што нагласи Мицкоски, е она што може да го каже со сигурност од досега договорното, нагласувајќи дека финансиските услови се уште не се докрај договорени и дека се уште нема таков дијалог отворено со никого и кога ќе отворат тогаш ќе може да каже детали.
Прашан дали вкупната каматна стапка ќе биде во рамки на моменталните проекции за нашата држава се од 4,5 до 6,5 проценти, Мицкоски рече вкупната каматна стапка би била пониска од оваа долна маргина, нагласувајќи дека се уште немаат отворено таков дијалог со никого.
Договорот е за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и тој поминува во собраниска процедура. Во делот на финансиските аранжмани ние имаме преговори со финансиски институции од таа земја и имаме од прилика стурктура колку би била каматната стапка за тој еден заем и би кажал дека е подоле од долната маргина што ја кажавте – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.
Но, нагласи Мицкоски, ние нема да одиме на директно потпишување договор со таа финансиска институција, туку Министерството за финансии откако ќе добие барање за проект ќе излезе на меѓународен пазар и ќе има конкурентен дијалог со 18-20 потенцијални кредито даватели, меѓу кои и европските банки.
Оној што е подготвен да финансира вакви проекти, со одредена конкурентна каматна стапка ќе биде избран. Не можеме од сега да знаеме дали таа финансиска институција со која преговаравме ќе биде најконкурентна. Таа ќе биде избрана само под услов да е најконкурентна, затоа не е дел од договорот, затоа што таа процедура допрва ќе се случува. И тоа ќе биде транспарентно и нема да биде скриено, нема да се носи со европско знаме и нема да биде класифицирано. Зарем мислите дека јас сум тука да дозволам држава да направи фаул или пак граѓаните да бидат ограбени. Напротив, ние добивме доверба за да ја развиваме – изјави Мицкоски.
Финансиските услови се уште не се докрај договорени, нагласи Мицкоски, посочуајќи дека во случајот има петгодишен грејс период и првата фактура би доспеала 1 јануари 2027 година и од тогаш ќе стартува грејс перодот.
Прашан дали договорот предвидува соработка во безбедноста и што тоа подразбира, Мицкоски, рече дека пред две недели поминал на владина седница меморандум за разбирање меѓу Владат и британска компниаја која е подготена да инвестира во еден таков производен капацитет меѓу 250-300 милиони евра, што годишно би носело од извоз околу половина милијарда евра.
Но, имаме договор, кога ќе биде сето тоа финализирано ќе застанеме повторно на прес и тоа ќе го кажеме – изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите