Владата бара помош од ЕУ за да им помогне на бизнисот и граѓаните
Македонија бара пари од Европската Комисија за да го помогне бизнисот. Сумата Министерот за економија не ја откри, туку барањата кои писмено денеска ги испратил. Меѓу нив - од 1 јануари да се прошири листата ранливи категории граѓани на кои државата им помага, субвенции за домаќинстата и фирмите кои ќе инсталираат фотоволтаици, но и пари за директна помош на компаниите
За да им се помогне на граѓаните од секојдневните поскапувања на основните прехранбени производи, но и на компаниите кои ги произведуваат, а зголемувањето на цените го прават поради поскапата струја, Бектеши вели дека од 1 декември тие фирми ќе добиваат субвенционирана цена, кој еќе биде понсика и од онаа за малите потрошувачи
Од 1 декември фиксна цена на електрична енергија ќе има за 150 компании за млечни производи, млеко, леб и други прехрамбени производи. Цената ќе биде најконкурентна и ќе биде уште пониска од таа за малите потрошувачи, изјави министерот. Бектеши
Во време на криза, секој треба да штеди., порача министерот Бектеши. Со владиниот планот за штедење, во септември државните и јавните институции, како и општините успеале да заштеат 20% од потрешената електрична енергија. Само министерството за локална самоуправа и Водовод од јавните препријатија, трошеле прекумерно. Од општините под 15 отсто заштеда се Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Наредниот период владата ќе одлучува како ќе ги казни тие што нема да ја намалат потроошувачката на струја.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
