Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни.
- Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, наведува Владата.
Владата, како што дополнува, останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
