Владата ќе се избира викендов
Извонредни кадри, стабилна, ефикасна и одговорна Влада. Ваков опис даде мандатарот и лидер Зоран Заев само неколку минути откако во парламентот со своите избраници за владиниот кабиент го поднесе предлогот за Влада. Собраниската седница за избор на Владата се очекува да почне во сабота, а да заврши согласно Деловникот во недела на полноќ. Тоа би значело дека државата ќе има Влада веќе наредната недела.
Мандатарот уверува дека ќе има стабилна влада иако располага со само 62 пратеници во Собранието. Најави дури и нов механизам за работа на парламентот – народните избраници откако претходно ќе ги разгледаат и дискутираат по законите, да имаат и ден за гласање и тоа најмалку еднаш во две недели, што ќе биде гаранција одлуките да поминат.
Персоналниот состав на владата останува ист согласно договорното меѓу Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети. СДСМ ќе добие 11 министри - осум со ресор и тројца вицепремиери, меѓу кој и оној за справување со корупција. ДУИ во Владата ќе има шест члена, меѓу кој и првиот вицепремиер. БЕСА и ЛДП пак, ќе имаат по едно министерско место.
Опозицијата обвинува дека се работи за истрошени кадри на Заев, но ќе присуствуваат на седницата за избор на Влада.
Од 7 до 10 дена по изборот на министрите во Собранието Заев ќе ги предложи и нивните заменици. Рече дека распредлбата на вториот ешалон во извршната власт е 90 отсто завршен, но се уште се прават меѓукоалициски констултации.
Лидерот на СДСМ го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски на 13 август, речиси еден месец по предвремените избори и неизвесноста кој ќе ја формира Владата поради блиските резултати со опозицијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
