Свет
11. September 2025 - 16:04

Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата

Владата на Словенија денеска воведе санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик. 

Одлуката на словенечката Влада подразбира забрана за влез на претседателот на Република Српска во земјата, објави Н1 Љубљана. 

Материјалот за оваа одлука го подготви Министерството за надворешни работи на Словенија.

 

МИА