Македонија
17. јуни 2025 - 16:35

Владата наскоро со мерки против високите цени

Нови мерки на повидок. Премиерот најави дека Владата многу скоро ќе излезе со предлог решение за ублажувања на растот на цените на прехранбените производи.

Без да открие детали тој порача дека се работи на сериозен пристап во консултација со експерти и деловни чинители.