Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис

Владата денеска донесе одлука за одземање лиценци на уште шест фирми кои одгледуваат марихуана, истакна владината портпаролка Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Митева посочи дека станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат.
Со тоа, бројот на фирми што останаа без лиценца за производство на медицински канабис порасна на 12, откако Владата на 24 февруари, им ги одзеде лиценците на шест фирми – „Алфафарм“, „Гринлајф“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“ – по наоди за низа неправилности, од административни и инфраструктурни, до технолошки и кадровски.
Одземањето на лиценците е во рамки на вонредните контроли што ги започна Владата што ќе опфати вкупно 43 правни лица кои се занимаваат со одгледување канабис.
МИА
Ново на Сител
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
