Македонија
18. February 2026 - 16:33

Владата се откажува од намерата да купи нов авион

Владата се откажува од намерата да купи нов државен авион.

Одлуката доаѓа по острите критики од опозицијата дека набваката на нов авион е непотребен луксуз во време на криза.

СДСМ и денеска го обвини премиерот дека го користел владиниот авион за приватни потреби, по што тој им одговори дека досега бил на вкупно 4 патувања, откривајќи детали и за она во Хрватска, кое го спори опозицијата

Владиниот Лир Џет е произведен 2004 година а од 2005 е единствениот патнички воздухоплов во македонската државна флота. Го купи Владата на екс премиерот Бучковски и за него, пред повеќе од 20 години плати околу 11 милиони евра. Може да пренесе само 6 патници на средни дестинации без капацитет за прекуокеански летови.

Како што соопшти Владата, во последните години авионот е почесто на сервис отколку што лета а неговите поправки не чинат нешто под половина милион евра годишно.