Македонија
5. јуни 2025 - 12:19

Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините

Владата започна со презентирфање на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување низ општините ширум државата. Првата Општина од каде што започна овој караван е Прилеп. Беше истакнато дека Планот е најголем досега и теши 40 милиони евра, со кој ќе бидат опфатени 16.500 лица. Целта на Опертативниот планот е да се даде шанса на младите луѓе, да им се помогне и истите да останат и да не се иселуваат. 

„Една од најактивните мерки е секако самовработувањето, зголемени се средствата за самовработување, за луѓе над 29 години зголемени се за цели 1.000 евра, односно од 6 на 7.000 евра, додека за младите луѓе до 29 години, за кои беше и целта, се зголемени до 6 на 10.000 евра. Новитет е во овој План за вработување и тоа што можат да се здружуваат во ДОО и 2 млади лица до 29 години, кои можат да користат до 20.000 евра, или над 29 години до 14.000 евра“, рече Марјан Ристеки, заменик министер за економија.

Предвидени се и обуки за да бидат лицата понкурентли на пазарот на труд. Како обуки за ИТ вештини, претприемништво, странски јазици.  А ќе се ангажираат и 400 лица преку целото лето со минимална плата кои ќе гасат пожари. 

„Во фокусот се младите невработени лица до 29 години, за кои планирано е учество од најмалку 40%, но секако дека не ги изоставаме и другите категории на невработени лица, тука спаѓаат долгорочно невработените лица, жените кои се со околу 50% во Оперативниот план, но и сите категории на ранливи и невработени лица како Ромите, за кои е планирано најмалку 5% учество во активните мерки“, вели Весна Пешова, заменик-директорк на Агенцијата за вработување.

„Агеницијата за поддршка на претприемништвото директно е вклучена во реализација на дел од активностите на Оперативниот план и тоа во поддршката за самовработување преку ваучерскиот систем на советници кои ги има Агенцијата. Исто така од оваа година за прв пат Агенцијата си ја зема обврската и таа ги зема и обуките за претприемништво, како и менторството“, истакна Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за поддршка на претприемништво.

Инаку според АВРМ стапката на невработеност кај нас во моментов била 12,5 % или 94.000 активни баратели на работа за 2025.

Како дел од овие економски мерки е и Законот за сезонски работници со кои ќе се сузбие сивата економија, со овој закон ќе бидат опфатени и пензионерите и младите под 18 години, а на сите ќе им бидат платени и придонесите.