Македонија
16. July 2021 - 16:48

Власта и опозицијата со цврсти позиции за Резолуцијата

Ниту СДСМ открива каде и како ќе го вметне Северна Македонија во Резолуцијата за црвените линии во разговорите со Бугарија ниту пак ВМРО-ДПМНЕ открива дали би гласала за документот доколку власта го измени текстот и го дополни со уставното име. Исходот од тоа дали ќе се донесе Резолуцијата и како ќе се знае на самата седница кога ќе се дебатира за него.

Во меѓувреме најголемите партии остануваат на своите позиции. СДСМ обвинува за лажен патриотизам на опозицијата со ваквата Резолуција бидејки Уставот и уставното име се користи селективно.

Од друга страна, и ВМРО-ДПМНЕ останува на тоа дека текстот е добар и е основа за обединување на сите партии.

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во разговорите со Бугарија на седница веројатно ќе се најде на 22 јули. Спикерот Џафери вчера посредно потврди дека документот е влезен во собранието, а на седница ќе се најде кога материјалот целосно ќе биде подготвен за пратениците.