ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии

Филипче соли памет за Европа спремен за ново предавство, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев. СДС како власт ја блокираше преговарачката рамка со ЕУ и ја направи Македонија мета на блокади и уцени. Граѓаните добро знаат кој е Венко Филипче и дека би потпишал се, уште веднаш, само за да дојде на власт. СДС е партија која секојдневно губи гласови поради нивните предавнички политики, кои и по Заев одлучија да ги продолжат, а Филипче ќе ја доведе партијата до исчезнување, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
