ВМРО ДПМНЕ и денеска негира дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија

Партијата СДС, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу други да не ги набројуваме ќе ни треба цел ден, истиве преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто
Па еве по 100-ти пат да им објасниме.
Мигранти од Велика Британија нема да има.
Томовски нема приватна фирма, ниту пак удел во таа која ја споменуваат.
Им порачуваме на СДС доколку имаат доказ (а немаат никаков бидејќи нема криминал), нека се обратат кај своите обвинители и судии како Кацарска, како Коцевски, како Дамева, и нека гонат како што гонеа 7 години додека беа на власт.
Ама бидејќи и тие се свесни дека нема за што да се гони, растураат пердуви во јавноста и после зошто народот не им верувал.
Реформи се потребни во СДС на чело со Филипче и оградување од Заев и криминалната багра.
ВМРО ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
