ВМРО-ДПМНЕ обвинува за скандалозен однос на полицијата по апсењето на полициски службеници
Срамно е однесувањето на полицијата и обвинителството кои наместо да ги повикаат тие што го правеле рекетот поврзан со РЕК Битола и поправале полициски записници во матно ловат наводни свиркачи меѓу професионалците од МВР.
Ова е оценката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако вчера полицијата објави дека осомничила двајца полициски службеници за оддавање на службена тајна и злупотреба на службената положба, неофицијално поврзани со случајот.
Од СДСМ и понатаму тврдат дека опзоцијата жири лажни вести.
Со денови Мицкоски и неговите пајташи шират лаги од типот „барал средба за да не се сретне“ еднаш посочуваат една личност па потоа Мицкоски вели дека никаде на ја посочиле личноста, обвинуваат за наводни фалсификати на пријави на кои е потпишан началник близок до ВМРО-ДПМНЕ и Наќе Чулев.
Мицкоски пред неколку дена на брифинг објави информација за наводен рекет кој го правел братот на премиерот Зоран Заев од сопствениците на битолската фирма „Рубитон“ од 250.000 евра за тендер поврзан со РЕК Битола кога директор бил Васко Ковачевски.
Како доказ за ваквите наводи понуди два полициски записници од пријавата која ја поднеле бизнисмените – во едниот стои името на Вице Н. како лице кое вршело притисок и закани, додека пак во другиот овој дел бил изоставен.
Вице Заев и од РЕК Битола ги демантираа ваквите информации, а вицепремиерот за борба против корупцијата Николовски на пратеничко прашање ја оцени аферата на Мицкоски за лажна вест.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
