ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНе кое МИА го објавува интегрално.
На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ победи и во бастионот на СДС - Струмица, каде со победата во прв круг, струмичани им кажаа збогум на лошите локални политики на Заев и неговите марионети. Делчево, Берово и Старо Нагоричане се општини каде што локалната власт ја водеше СДС и каде што граѓаните, кадрите на дуото Заев-Филипче ги испратија во “пензија”.
ВМРО-ДПМНЕ овие избори доби околу 325.000 гласови за градоначалници, а на советничките листи приближно до 302.000 гласови. Споредбено со 2021 година и локалните избори, очигледен е растот на гласовите.
ВМРО-ДПМНЕ победи во следните 33 општини:
1.Берово,
2.Битола,
3.Босилово,
4.Бутел,
5.Василево,
6.Вевчани,
7. Велес,
8.Гази Баба,
9.Гевгелија,
10.Ѓорче Петров,
11.Градско,
12.Делчево,
13.Демир Хисар,
14.Зелениково,
15.Илинден,
16.Јегуновце,
17.Кавадарци,
18.Карбинци,
19.Кисела Вода,
20.Кратово,
21.Новаци,
22.Ново Село,
23.Охрид,
24.Петровец,
25.Пехчево,
26.Прилеп,
27.Радовиш,
28.Ресен,
29.Свети Николе,
30.Сопиште,
31.Старо Нагоричане,
32.Струмица и
33.Штип,
Додека пак водиме во:
1.Валандово
2.Дојран
3.Конче
4.Демир Капија
5.Неготино
6.Виница
7.Зрновци
8.Македонска Каменица
9.Кочани
10.Чешиново-Облешево
11.Пробиштип
12.Ранковце
13.Карпош
14.Аеродром
15.Брвеница
16.Македонски Брод
17.Кичево
18.Дебрца
19.Могила
20.И градот Скопје, каде што Орце Ѓорѓиевски води околу 3:1 во однос на второпласираниот кандидат.
Со освоени 550 советнички места во општинските совети, а од друга страна СДС има 230 советнички места, или 2,5 пати помалку.
Историскиот резултат од овие избори, покажува дека граѓаните го направија вистинскиот избор за секое, маало, за секоја општина, за државата да продолжи да се движи напред.
Оваа историска победа и доверба од граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и за избраните градоначалници и советници, претставува чест, но и обврска да продолжи посветената работа за развој и напредок на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено, често и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
