Македонија
19. July 2021 - 16:51

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја поднесе интерпелацијата за Џафери

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно му ја поднесоа интерпелацијата на собранискиот спикер Талат Џафери. Тој минатата недела им ја врати на дополнување затоа што била неусогласена со Деловникот и во нејзе не се користело уставното име на државата иако е поднесена со назнаката С.Македонија.Денешната интерпелација е поднесена во истата форма без никаква измена, а заедно со неа пратен и одговор на Џафери дека неговото враќање било неосновано, велат од опозицисиката ВМРО-ДПМНЕ. 

Интерпелацијата беше поднесена поради тоа што тој го прекршил Уставот зборувајќи на албански јазик пред европските институции. Од кабинетот на Џафери засега нема одговор дали интерпелацијата за неговата работа е стигната до него и дали тој овој пат ќе ја прими и стави на дневен ред.

Од друга страна, извесно е дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во разговорите со Бугарија ќе се најде пред пратениците на седницата во четврток. Од опозицијата очекуваат текстот да биде усогласен, иако за најавата на СДСМ во нејзе да интервенира со Северна се уште немаат став.

Од СДСМ пак, го повторуваат ставот.

-„Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно. Македонските државни позиции се силни и јасни, но ќе бидат уште посилни ако ВМРО-ДПМНЕ го прифати Договорот од Преспа како реалност“.