Македонија
14. September 2026 - 17:16

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик

Собранискиот спикер Гаши е убеден дека нема да има предвремени избори. По реториката на политичките чинители за можно изборно соочување на пролет Гаши на брифинг со новинарите повтори дека останува на ставот дека тие треба да се случат во редовниот термин. Евентуални предвремени избори повторно го отвораат прашањето за нов Изборниот законик.

- Според мене не треба да има предвремени избори и сум убеден дека нема да има според мојата политичка интуиција. На координација се отвори прашањето за Изборниот законик од еден од координаторите, мислејќи дека има најави за предвремени избори. Според мене добро е групата да постои, ако има договор може поворно да се разговара. Без разлика кога и да има избори, добро е да има нов Изборен законик, вели Гаши.

Додека партиите лицитираат со изборни сценарија, Левица на координација на пратеничките групи во Парламентот побарала актуелизирање на темата Изборен законик. Нивните барања остануваат непроменети. 

СДСМ го повтори ставот дека избори ќе има кога ќе снема пари во државниот буџет. Филипче дециден дека партиските позиции и барања за Изборниот законик се непроменети. 

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ пак очекува заеднички став на опозициските партии за Изборниот законик, дури тогаш се можни разговори и решение.

Изборниот законик засега останува заглавен без политички договор. Нема ни законски измени, а партиите и натаму се обвинуваат кој ја кочи изборната реформа.