ВМРО-ДПМНЕ: СДС реагира за скандал во МВР, тоа значи дека Спасовски нема аргументи
СДС реагира за скандалозниот тендер во МВР. Тоа покажува дека МВР нема аргументи да се одбрани за оваа афера, но покажува и дека СДС владее со МВР. Очигледно Спасовски се крие да одговори за тоа како му дава бонбона бизнис од речиси 13 милиони евра на компанија на чие отворање самиот присуствувал, во услови кога МВР има свои кујни кои може да ја дадат истат услуга.
Дополнително со овие тендери Оливер Спасовки плаќа многу поскапо отколку кога МВР набавувало нивната кујна сама да ја обезбедува услугата. Односно Спасовски плаѓа по 4,5 милиони евра годишно, а пред овој тендер истата услуга го чинела МВР само 3.3 милиони евра кога самите ја приготвувале храната. Зошто Спасовски и МВР овозможуваат некому екстра профит од над 1,2 милиони евра?
Исто така МВР на целиот овој бонбона бизнис му признава 15% транспортни рошоци, што го прави уште помурсен тендерот и профитот на компанија уште поголем.
Спасовски освен што се крие од одговорите, се сокрил и кога овој тендер бил склучен. Ако се е чисто, како што велат од СДС, тогаш зошто Спасовски лично не го потпишал договорот за јавната набавка како што е редот, туку се сокрил зад овластувањата на Андријана Савевска.
Криминалот кој што се случува во МВР е епски. Оливер Спасовски ќе треба да одгвоори , но и да одговара за овој и за десетиците скандали. Времето за одговорност доаѓа многу скоро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
