Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води

Во 2025 година деловните субјекти зафатиле 6.067 милиони кубни метри вода, од кои 3.096 милиони кубни метри биле користени, а 3.046 милиони кубни метри се испуштени како отпадни води, при што само 629 милиони кубни метри, односно 20,6 проценти биле пречистени. Вкупната зафатена вода е намалена за 11,3 проценти во однос на 2024 година. Според потеклото, речиси половина од водата или 49,7 проценти, е зафатена од површински извори.
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека за Користење и заштита на водите од загадување кај деловните субјекти во 2025 година, вкупно, претпријатијата зафатиле 6.067 милиони кубни метри вода, при што најголем дел, 99 проценти, отпаѓа на секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Во 2025 година се користени 3.096 милиони кубни метри вода, што претставува намалување од 10,6 проценти во однос на претходната година. Од ова количество, најголемиот дел повторно припаѓа на енергетскиот сектор со 3.033 милиони кубни метри.
Во однос на другите дејности, преработувачката индустрија користела 42 милиони кубни метри вода, рударството 12 милиони, земјоделството 4 милиони, снабдувањето со вода и управувањето со отпад 4 милиони, додека градежништвото користело 2 милиона кубни метри.
Најголеми количини отпадни води повторно доаѓаат од секторот за снабдување со електрична енергија, гас и пареа – 3.021 милиони кубни метри, од кои 624 милиони се пречистени.
Кај останатите дејности, испуштените количества се пониски: преработувачката индустрија испуштила 14 милиони кубни метри (од кои 2 милиона се пречистени), рударството 2 милиона (исто толку и пречистени), земјоделството 2 милиона без пречистување, додека снабдувањето со вода и управувањето со отпад и градежништвото испуштиле по 4, односно 2 милиона кубни метри без регистрирано пречистување.
МИА
Ново на Сител
-

Нова средба во Собранието за Изборниот законик
-

Комисијата за финансирање и буџет ја почнува амандманската расправа за ребалансот - поднесени 224 амандмани
-

Сиљановска Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара
-

СП 2026: Шпанија во судиското продолжение ја совлада Португалија за четвртфинале
-

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
