Македонија
11. January 2026 - 12:01

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа

На 10.01.2026 година во 10:13 часот,  полициски службеници од СВР Тетово на булевар ,,Видоје Смилевски Бато“ во Тетово го лишија од слобода С.З.(36) од с. Брвеница. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал С.З. со патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, било констатирано дека С.З. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.11 промили алкохол во крвта. 

На 10.01.2026 во 21:18 часот, полициски службеници од СВР Битола на магистралниот пат Ресен-Охрид поточно кај место викано „Нова Бензинска" го лишија од слобода С.Б.(62) од с. Јанковец, ресенско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф" со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал С.Б., и по преземени мерки  било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени   1,56 промили алкохол во крвта.   

На 11.01.2026 во 00:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија го лишија од слобода К.Ѓ.(46) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај., полициски службеници сопреле патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал К.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.19 промили алкохол во крвта. 

На 10.01.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Велес на крстосница од улиците „Христо Ботев“ и „Ацо Аџи Илов“ во Неготино го лишиле од слобода М.С.(63) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал М.С. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. 

На 11.01.2026 во 02:35 часот, полициски службеници од СВР Велес на булевар „Маршал Тито“’ во Неготино го лишиле од слобода Б.В.(41) од село Пепелиште, неготинско. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Б.В. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта.   

На 10.01.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Велес на регионалниот пат Штип-Велес, кај крстосница Мамутчево го лишиле од слобода А.А.(30) од Виница. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „поло“ со винички регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час. 

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да управуваат со возилата одговорно и совесно, без дејство на алкохол и со прилагодена брзина согласно условите на патот. Со непочитувањето на сообраќајните правила директно се загрозува сопствениот живот, безбедноста на патниците и животите на останатите учесници во сообраќајот. Со одговорно однесување и почитување на прописите, заеднички придонесуваме за зголемена безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.