Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови

Во април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38,9 проценти повеќе во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60 833 метри квадратни.
Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот регион, 10 во пелагонискиот и три во Североисточниот регион.
Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 89, по што следуваат Југозападниот со 74, Полошкиот со 62, Источниот со 40, Југоисточниот 31, Вардарскиот 26, Пелагонискиот 23, а најмалку, 12, во Североисточниот регион.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 316 119 000 денари, што е за 10,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (49.6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 61 (17.1 процент) за објекти од нискоградба и 119 (33.3 проценти) за објекти за реконструкција.
На 154 (43.1 процент) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 (56.9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60 833 метри квадратни. Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот регион, 10 во пелагонискиот и три во Североисточниот регион.
Ново на Сител
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
