Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Во текот на месецот април, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 2750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е расчистено во општината Карпош, велат од Комунална хигиена-Скопје.
„Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира 14 915 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува да ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улиците што се во надлежност на Градот Скопје, преку секојдневно машинско и рачно метење и миење, како и плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода” и Старата скопска чаршија.
ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месецот април реализираше предавања за примарна селекција и правилно постапување со отпадот за 208 ученици во скопските училишта, додека во градинката Весели цветови-клон Синоличка, во општината Кисела Вода, беше организирана еко-манифестација за одбележување на Денот на планетата Земја“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Ново на Сител
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
