Во Атина се очекуваат протести на студенти и на ученици

Студенти и ученици ќе протестираат денеска и утре во Атина, јавија грчките медиуми.
Попладнево студентски организации ќе постават шаторски камп на плоштадот Синтагма пред зградата на парламентот.
Протестот е насочен против високите трошоци за живот и образование.
Утре во 12 часот младинската организација на Грчката комунистичка партија (ККЕ) организира протестни демонстрации на ученици во центарот на грчката престолнина под слоганот „од Грција до Франција се бориме за државно и бесплатно образование“.
Портпаролката на полицијата истакна дека постои план за силите на редот и нема загриженост дека групи ќе пристигнат од странство за да создадат тензии.
Протестни демонстрации се планирани за утре во Солун и Патра. Исто така, е прогласен и национален штрајк на наставниците во средношколската фаза од јавното образование.
МИА
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
