Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век

За фалсификување уметнички дела и за нелегална трговија со антиквитети се товари познат трговец и сопственик на галерија во Атина, кој вчера беше уапсен од грчката полиција, откако на социјалните мрежи нудел за продажба Евангелие од 18 век, јави дописничката на МИА од Атина.
Според неофицијалните информации, во магацин што уапсениот го користел во населба во јужниот дел на Атина, биле пронајдени над 300 уметнички дела, од кои повеќето се фалсификувани и над 200 илјади евра.
Истрагата започнала откако сопственикот на галеријата преку видео на социјалните мрежи, нудел на продажба Евангелие од 1745 година, кое било пронајдено и запленето и експерти ја проверуваат неговата автентичност.
Од компанијата, преку соопштение објаснија дека запленетите уметнички дела не се предмет на трговија и се дел од личната колекција на сопственикот, додека за Евангелието тврдат дека веќе е предадено на надлежните органи за да се утврдат автентичноста и можноста за негово откупување од државата.
Соопштението беше објавено на социјалните мрежи на компанијата и на официјалниот сајт, а подоцна беше повлечено.
Уапсениот, кој и е познат на грчката јавност по телемаркетинг, продажаба на накит и умтенички дела и често присуството во медиумите, денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
