Во Белград студентите во блокада најавија за попладнево протест - Сакаме избори
Студентите во блокада најавија за попладнево во Белград протест под мотото „Сакаме избори“. Протестот ќе почне во 16.30 часот со собирање во центарот на главниот град на Србија, ќе се протестира пред Високото јавно обвителство и ќе заврши околу 20 часот пред зградата на Владата.
Текстот со кој студентите бараат распишување вонредни парламентарни избори ќе биде прочитан во 19:45 часот, по што ќе следат говори што ќе го означат крајот на протестот.
На 1 јуни цела Србија ќе биде на нозе, објавија доцна синоќа студентите во блокада, најавувајќи протести во бројни градови во државата.
Списокот на места за собирање секојдневно се проширува. Се очекува во наредните денови да се приклучат повеќе градови на студентските протести.Со наводи дека „децентрализацијата се вчитува“студентите во блокада објавија список на повеќе од 20 градови каде, очигледно, ќе протестираат на 1 јуни.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак